Судијката најави приведување на Заев

by Фокус 14:13
14:13

Рочиштето за „Пуч“ денеска повторно беше одложено, бидејќи четвртоосомничениот Зоран Заев не се појави во Судот. Судијката која го води предметот, Љубинка Башевска, рече дека на наредното рочиште ќе мора да издаде наредба за стражарно приведување на лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Одбраната на Заев пак, изјави дека нема потреба од стажарно приведување, бидејќи претседателот на СДСМ ќе се појави пред судот кога случајот ќе го преземе специјалното обвинителство.

- Advertisements -

Следното рочиште за „Пуч“ е закажано за 2 декември. Двајца од обвинетите, Бранко Палифров и Соња Верушевска, се пуштени од притвор и се бранат од слобода, а првообвиниетиот Зоран Верушевски и  петтообвинетиот Ѓорѓи Лазаревски се наоѓаат во притвор.

Поврзани новости