Вања не починала од задушување, туку била застрелана – најдени се два пиштоли

by fokus

Малолетничката Вања Ѓорчевска која беше најдена мртва во неделата во околината на Скопје не починала од задушување, како што се шпекулираше туку била застрелана, соопшти вечерва министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

На новинарско прашање дали е најден пиштолот со кој било пукано во Вања, Спасовски кажа дека се најдени два пиштоли за кои допрва ќе се утврдува дали со нив било извршено убиството.

Најпрво треба да се извештачат па да се утврди дали со тоа оружје било убиено девојчето откако најпрво беше грабнато и однесено во околината на Скопје.

Поврзани новости