Валентина Вурмо од „Фокус“ една од добитниците на наградата „Гласник на невидливите“

by fokus

Новинарката на „Фокус“, Валентина Вурмо, е една од добитниците на наградата „Гласник на невидливите“ за 2021 година, која ја доделува Македонска платформа против сиромаштијата (МППС).

Наградената сторија: „ЖИВОТ ВО КАФЕЗ“ – Државата не го брои Судахан во живите, но го „оживеа“ само кога требало да го пикне зад решетки!, можете да ја прочитате на следниот линк.

Освен Вурмо, наградени се и новинарите:
Анета Ристеска, за сторијата „Немате шанса како глуви луѓе да се занимавате со бизнис!“ ПОГРЕШНО.
Бојан Шашевски, „Пандемијата покажа што ѝ недостига на заедницата“.
Ирена Каревска, „Леон доби правда во Стразбур, но ќе ја дочека ли и дома?“
Катерина Топалова, „Битката за храна посилна од стравот од Ковид-19“.
Мики Трајковски, „Триесет и девет мигранти досега го загубиле животот на македонските пруги и патишта“.
Петар Клинчарски, „Бездржавјанство во време на пандемија – законски препознаени, во реалноста се’ уште невидливи“.
Сунаи Сабриоски, „Образование надвор од мрежата“.

МППС доделува награди за новинари што пишуваат на социјални теми, поврзани со сиромаштија и социјална исклученост, а на тој начин им даваат глас на луѓето што ретко имаат можност јавно да зборуваат за своите проблеми и се речиси општествено невидливи. Она што овој проект го прави уникатен е составот на жирито, односно улогата на членови во жирито ја имаат исклучиво луѓе кои имаат искуство со живот во сиромаштија.

Поврзани новости