Вагнер потврди: Почина водачот, херој на Русија, вистински патриот

by fokus

Водачот на руската паравоена група Вагнер Евгениј Пригожин е мртов, потврди воената формација на својот канал Телеграм.

-Почина водачот на групата Вагнер, херој на Русија, вистински патриот на својата татковина, Евгениј Викторович Пригожин, а ова е резултат на постапките на предавниците на Русија, се вели во објавата на каналот на групата.

-Но, дури и во пеколот, тој ќе биде најдобар! Слава на Русија, се додава во објавата на Вагнер.

Името на Пригожин се наоѓаше на списокот на патници на авионот што денеска се урна во руската област Твер, при што загинаа сите 10 лица во него, објави претходно руската Федерална агенција за воздушен транспорт.

Лидерот на руската паравоена група Вагнер Евгениј Пригожин и нејзиниот командант Дмитриј Уткин биле меѓу 10-те лица кои се наоѓале во авионот што денеска се урна северно од Москва, потврди руската агенција за цивилно воздухопловство Росавијација.

Оваа служба ги објави и имињата на седум патници, меѓу кои Пригожин и Уткин, како и имињата на тројцата пилоти, пренесуваат руските медиуми.

Во авионот имало и тројца членови на екипажот.

Поврзани новости