В недела „Детски евросонг“: Да навиваме за Мартија!

by fokus 16:29
16:29
 
Тринаесетгодишната Мартија Станојковиќ од Куманово ќе ја претставува Македонија на 14-то издание на „Детскиот евросонг“, кој на 20 ноември ќе се одржи во Малта.

Таа ќе ја испее песната „Love Will Lead Our Way“ („Љубовта нè води“), чиј комплетен автор е Александар Масевски, а за реализацијата на спотот се погрижи Александар Ристовски-Принц.
 
За разиграноста на спотот  придонесоа кореографката Александра Димитриевска и сите членови на клубот за модерни танци „Ултра“ од Куманово.
 
Ова ќе биде 12-то учество за Македонија на овој натпревар, каде што двапати сме го освоиле петтото место, што е наш највисок пласман досега. Годинешното, 14-то издание на „Детскиот евросонг“ ќе се одржи во Медитеранскиот конференциски центар во Ла Валета, а ќе се натпреваруваат вкупно 17 земји.
 
Мартија го привлече вниманието на јавноста со настапот во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“, каде што освои второ место, а ова е нејзиниот прв сингл.
Само неколку дена откако беше обајвена на Јутјуб каналот, песната на Мартија имаше десетици илјади прегледи и позитивни критики.
Вики Клинчарова

Поврзани новости