Коалицијата за промени и правда со слоганот „Не се плашете, режимот ќе падне“

by fokus

Коалицијата за промени и правда на претстојните парламентарни избори ќе настапи со слоганот „Не се плашете, режимот ќе падне“.

Изборната кампања коалцијата ќе ја започне во понеделник во Скопје, каде изборната програма „Промени, правда и прогрес“ ќе ја презентираат лидерите и носителите на кандидатските листи за пратеници од Коалицијата за промени и правда, Павле Трајанов, Јове Кекеновски, Весна Стоименовска, Слободан Богоевски, Александар Делов, Бранко Мајсторовски, Емил Анастасов и Горан Зафировски.

Собирот во понеделник ќе се одржи во хотел Континентал со почеток во 17:00 часот, каде Колицијата  очекува да присуствуваат над илјада членови и симпатизери.

Поврзани новости