Ужас во Хрватска: Татко фрлил четири деца од тераса во Паг

by fokus

Од четири малолетни деца кои нивниот татко денеска ги фрлил од првиот кат на семејната куќа во Паг, две се потешко повредени, а две се вон животна опасност, изјави за Хина, доктор Жељко Чулина, директор на Општата болница Задар.

Маж во Паг утрово ги фрлил своите четири малолетни деца од првиот кат на семејната куќа, по што децата биле пренесени во задарската болница, а локалните медиуми неофицијално јавија дека станува збор за деца на возраст од три, пет, седум и осум години.

– Две од децата се тешко повредени и се наоѓаат во Единицата за интензивно лекување, а две се вон животна опасност. Испитувањата се уште траат, информира Чулина.

Мажот, на возраст од 54 години, се наоѓа во службени простории на полицијата. Сите околности и факти кои претходеле на инцидентот се утврдуваат. Во моментот на инцидентот во куќата била и нивната мајка со која полицијата исто така се уште разговора.

Поврзани новости