Утврден идентитетот на двајцата битолчани кои ќе одговараат за говорот на омраза на Мечкин Камен

by fokus

Министерството за внатрешни работи ги соопшти иницијалите на двајцата битолчани против кои е поднесена кривична пријава за говорот на омраза искажан на Мечкин Камен. Едниот од нив е 24-годишник со иницијали М.Д., додека вторниот е 19-годишник со иницијали Ѓ.Д.

И двајцата се товарат за сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“.

„Во врска со настаните во Крушево на 2 август во полициска станица се повикани повеќе лица и по документирањето на случаите и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. На 02.08.2018 година околу 13.00 часот на местото ,,Мечкин Камен“ во Крушево, каде се одржуваше манифестација по повод прослава на националниот празник „Илинден“, пријавените лица организирано присуствувале на прославата како дел од група составена од навивачи од повеќе навивачки групи. За време на положувањето на цвеќе од страна на присутните делегации провопријавениот М.Д., второпријавениот Ѓ.Д. и други лица, стоејќи во непосредна близина до ВИП ложата, спроти бината каде се одржувала манифестацијата, скандирале навредливи пораки со што сториле кривично дело „предизвикување омраза, раздор, или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“, велат од МВР.

Поврзани новости