Утре судење за „Титаник“, надлежен обвинител е Лиле Стефанова

by Fokus

СЈО се враќа во судница утре, заврши судската ферија и утре е закажано рочиште за предметот „Титаник“, за кое како надлежен обвинител се јавува и обвинителката Лиле Стефанова, која е обвинител и во предметот „Империја“ кој е во средиштето на скандалот рекет.

Токму Лиле Стефанова е повикана во Обвинителство во вторник да даде исказ откако ја обвини шефицата на СЈО во оставка Катица Јанева дека барала предметот да се зтавори и осомничените да не одат во затвор. Дали и како аферата „Рекет“ ќе влијае на предметите и обвиненијата на СЈО, допрва ќе се види.

Поврзани новости