Вучиќ за „Рекет“: Ќе има уште изненадувања, а Заев се надевам разбра што му зборував

by Fokus

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денес се обратил во јавноста од зградата на Генералниот секретаријат.

Покрај политичките прашања кои му биле поставени за ситуацијата во државата тој од новинарите добил и прашање за случајот „Рекет“ кој деновиве ја “тресе“ политичката сцена во Република Северна Македонија.

На прашањето на новинарите за аферата „Рекет“ , претседателот изјавил дека не се меша во внатрешните прашања на другите држави.

-Како што дознав од добро известени италијански извори, тука ќе има уште изненадувања, а сега верувам дека Зоран Заев го разбира она што му го зборував за одредени лица кои се далеку од Србија – изјавил Вучиќ.

Поврзани новости