Утре слава во чест на заштитникот на сиромасите и затворениците: Остана тајна дали чествува Груевски!

by Fokus 11:31
11:31

Утре во голем број на домови се слави верскиот празник Свети Никола, една од најчестите слави во македонските семејства.

Именден на претседателот во заминување на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски, актуелниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, односно на сите кои се викаат Никола, Коле, Нино… Свети Никола е познат кај верниците како голем заштитник на сиромасите, затворениците и неправедно осудените, заштитник на патниците, посебно на оние кои патуваат по вода, а познат бил и по тоа што ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

Роден бил кон крајот на третиот век во гратчето Патара, во малоазиската област Ликија. Неговиот чичко кој бил архиепископ патарски и исто се викал Николај, ги наговорил неговите родители да му дозволат да се посвети на Бога. По смртта на чичко му, тој бил избран за архиепископ Мирликијски и станал омилен помеѓу народот. Освен што ги помагал сирмоашните, ги штител затворениците, ги посетувал болните, им купувал мираз и на сиромашните девојки и им помагал да се омажат. Сето богатство од родителите го разделил на сиромасите тајно, воден од божјите зборови да не бара слава за добрите дела. Доживеал длабока старост и умрел во 342 година, а неговите мошти биле пренесени од Мир (Ликија) во Бари ( Италија) во 1087 година.

Славата Свети Никола е посна, па на трпезите преовладуваат посни сарми, риба, грав… Не е познато дали политичарите кои го носат името Никола, а ги има повеќе, го слават овој голем верски празник, бидејќи секогаш се трудат да го чуваат приватниот живот подалеку од очите на јавноста. Во времето кога беше премиер, Груевски постојано добиваше честитки по повод именденот на социјалните мрежи, но никогаш не раскажа дали во неговиот дом се одбележува славата.

Еден од ретките кој со јавноста споделуваше информации и фотографии од семејната слава беше пратеникот Антонијо Милошоски, кој традиционално го слави верскиот празник Свети Антониј Велики, со жива музика и многу гости во домот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости