Утре протест „И јас сум Моника“: Излезете затоа што утре и Вас ќе ве апсат!

by fokus

Здужението „Билка“ за утре закажа протест насловен „И јас сум Моника“, како што велат, против прогонот на активистката Моника Ристеска, на која денеска и беше одреден притвор.

-Судија на претходна постапка на ден 09.10.2018 година го прифатри предлогот на ОЈО Скопје за определување на мерка притвор за Моника Ристеска, активист за легализација на канабисот на која и е одреден триесет дневен притвор.Ваквиот ригиден пристап на органите на прогонот и судот е НЕПРИФАТЛИВ и затоа ги повикуваме СИТЕ слободоумни граѓани, и оние кои се и оние кои не се уживатели на канаб исот да дојдат на протест пред Основното Јавно Обвинителство Скопје, на самиот Кеј на реката Вардар(карши терасите на кафулињата на кеј) со почеток во 12:00 часот со цел изразување на нашето незадоволство и искажување на нашата поддршка за неправедно затворената Моника.Излезете затоа што утре и Вас ке ве апсат.И ЈАС СУМ МОНИКА, АПСЕТЕ МЕ!!!

Поврзани новости