Ќе се воведе државна награда за унапредување на човековите права „Мето Јовановски“

by fokus

Владата на Република Македонија на денешната редовна 93-та седница донесе одлука за воведување државна награда за унапредување на човековите права „Мето Јовановски“.

– Министрите ја усвоија информацијата за потребата од изменување и дополнување на Законот за државните награди. Притоа Министерството за култура, во соработка со неколку ресорни министерства и надлежни институции е задолжено да формира работна група, која треба да подготви и до Владата на Република Македонија да достави Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за државните награди, со кој ќе се востанови нова државна награда за унапредување на човековите права која ќе го носи името на Мето Јовановски, се вели во соопштението на владината прес-служба.

Поврзани новости