Утре излегува нова песна на Тоше

by Фокус

Нова необјавена песна од Тоше Проески ќе биде промовирана утре во Крушево во пресрет на неговиот роденден на 25 јануари. Промоцијата ќе се одржи во Спомен куќата „Тодор Проески“ со почеток во 12 часот. Ќе биде промовиран и спот.

Песната е со наслов „If you wanna leave me“ и е во две верзии, латино и балада. Утре ќе биде промовирана латино верзијата, а втората верзија се уште е на доработка во Лондон.

За десетгодишнината од загинувањето на најголемата македонски музичка ѕвезда ќе биде промовиран албум со необјавени песни на Тоше. За продукцијата на овој албум ќе биде задолжен Енди Рајт од Лондон, со кој Тоше соработуваше на неговиот англиски албум „The Hardest Thing“.

Поврзани новости