Николовски: Мора да има ревизија на распределбата на земјоделското земјиште

by Фокус

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска го посети Карбинци, каде рече дека може да се види хаосот во распределба на земјоделското земјиште, кое наместо на вистинските земјоделци, се дава на пратеници, функционери, раководители, директори, новинари и на луѓе блиски на власта.

-Оваа е една голема неправда којашто им е направена на вистинските земјоделци, на кои ова земјиште овде им е единствена егзистенција. Оваа неправда е уште еден доказ, дека ревизија на распределбата на земјоделското земјиште мора да има. Јас како дополнителен заменик министер, во овој период на организацијата на изборите, ќе ги употребам сите мои инструменти и надлежности што ми ги дава закнот за да оваа неправда ја исправиме, рече Николовски.

Тој рече дека гарантира дека ќе има генерална ревизија, а после изборите мора ова земјоделско земјиште од кое што луѓето егзистираат да се даде на вистинските земјоделци.

Поврзани новости