Утре ден на жалост во Охрид

by Fokus

Советот на општина Охрид на денешната вонредна седница свикана по повод  ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски едногласно  донесе одлука утрешниот ден (17 декември)  да биде прогласен за ден на жалост на територијата на општината.

Согласно одлуката, за утре се откажуваат сите закажани манифестации од културно забавен карактер.

Комеморативната седница за Стојаноски ќе се одржи утре во 10 часот, во Големата општинска сала,  по што во 14 часот на Градските гробишта во Охрид ќе се одржи погребот.

Градоначалникот на Охрид проф.д-р. Јован Стојаноски почина вчера изутрина, во возила на службата за итна медицинска помош, на пат кон Центарот за кадриоваскуларни болести.

Стојаноски беше професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а градоначалничката функција ја вршеше од 20 октомври минатата година, по победата во првиот круг од Локалните избори.

Стојаноски имаше 48 години, беше оженет и татко на две деца.

Поврзани новости