463
Уставниот суд го укина Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната, што значи дека судиите се враќаат на стариот принцип да судат според својата совест, стручност, познавање на правото и самите да ги ценат околностите дали некој треба да добие помала или поголема казна за исто кривично дело.
Уставните судии констатирале дека законот, кој беше донесен во 2014 година, е уставно проблематичен и со мнозинство гласови е укинат.
Овој закон и претходно беше оспоруван од експертите бидејќи предупредуваа дека бодувањето доведува до изрекување казни со слична висина, односно слична казна добива и оној што извршил кражба и оној што извршил убиство.