Несреќа на свадбена веселба во Гостивар: Пукал во асфалтот, а повредил гостин во брадата

by fokus

31-годишниот гостиварчанец Ц.Ѓ. завршил со сериозни повреди на брадата на свадбена веселба синоќа во Гостивар откако еден од свадбарите испукал куршум си пиштол марка „црвена застава тт“, вперен во асфалтот. Против 58-годишниот Д.М. од селото Долна Бањица е покрената кривична пријава за „недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“  и  „предизвикување општа опасност“.

„Д.М. на  16.07.2017 година околу 14.50 часот на улица „Мара Угринова“ во Гостивар,  на свадбена прослава, од пиштол марка “Црвена Застава ТТ“ испукал два куршуми. Откако забележал дека рамката излегла од пиштолот, повторно ја вратил назад, се обидел да го репетира оружјето и потоа пиштолот  го вперил кон асфалтот и испукал уште еден куршум. Во тој момент пријавениот забележал дека Ц.Ѓ. (31) од Гостивар имал повреда на брадата, по што бил пренесен во Медицински Центар Гостивар, од кадешто поради серозноста на повредите бил префрлен во Универзитетска Клиника за хирургија во Скопје“, велат од полицијата.

Поврзани новости