Пратениците на неработен ден ќе го разгледуваат Законот за јазици, за симболично да се поклопи со Денот на албанската азбука

by fokus

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Аран Груби, како што најави седницата за разгледување на Предлог законот за употреба на јазиците ја закажа на Денот на албанската азбука, кој е и неработен ден.

Седницата е закажана за 22 ноември во 15.00 часот, со што ќе почне второто читање за овој Предлог закон и амандманска расправа по истиот откако пратениците ја усвоија потребата од негово донесување.

Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека согласно Законот за празниците, 22 ноември 2017 година, Денот на Албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница.

Поврзани новости