Уставен суд поведе постапка за нормираниот учинок од Законот за минимална плата

by fokus

Уставниот суд на денешната седница одлучи да повеќе постапка за членот 2, став 1 од Законот за минимална плата, во делот за „исполнет нормиран учинок“. Судот изрази сомнеж за уставноста на овој член.

Со постапката Уставниот суд ќе се произнесува и за уставноста на ставовите 2, 3 и 4 и член 7-б ставови 1 и 3 од Законот, со кој почна реформското владеење на Владата на Зоран Заев.

Подносител на иницијативата е Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) застапувани од адвокат Димитар Петровски. Тие сметаат дека „нормираниот учинок“ треба да се тргне од овој Закон за минимална плата, затоа што овој закон решава минимална плата, додека нормираниот учинок треба да се регулира со Колективниот договор на ниво на работодавачи.

Поврзани новости