Забрчанец: Никогаш не сме имале поголема медиумска слобода

by Фокус

Слободата не е за потценување. Мораме да сме одговорни кон неа затоа што денес е под најголема закана од 2017 година наваму. Да го запаметиме овој извештај, може да е скапоцен и последен од неколкугодишниот демократски раст во низа. Слобода никогаш доволно, но и никогаш не сме имале поголема медиумска слобода. Дали ќе ја зачуваме?, пишува Марјан Забрчанец, откако земјава годинава има напредок на извештајот за медиумски слободи на Репортери без граници.

„Рангирани сме на 36 место на Индексот за слобода на медиумите за 2024 годин, што е за две места подобор од 38 место лани. Во 2016 бевме на 118 место. Од земјите во регионот Северна Македонија е најдобро оценета, а следат Црна Гора (40), Словенија (42), Хрватска (48), Косово (75), БиХ (81), Србија е на 98-то место и Албанија на 99-та позиција“, вели тој.

Поврзани новости