Заев: Точно е дека Кина и Русија се интересираат за Западен Балкан, но ние сакаме во ЕУ

by fokus

За Македонија нема друга алтернатива освен полноправно членство во ЕУ и НАТО алијансата, изјави премиерот, Зоран Заев, по денешната средба со германската канцеларка, Ангела Меркел.

На новинарско прашање за интересот на Кина за Западен Балкан  и дали ЕУ треба да вложи повеќе пари во регионот за да го заврсти своето влијание, Заев рече:

-Точно е дека интересот за регионот за Западен Балкан е голем, присутна е Кина, присутна е и Русија. Но како што реков нема алтернатива. Нашита граѓани се за полноправно членство во ЕУ. Не само затоа што сме на европскиот континет, туку и затоа што веруваме во вредностите на ЕУ – изјави Заев.

Западен Балкан, рече тој, не е повеќе „буре барут“ туку претставува мост на пријателство, кој се приближува до ЕУ.

На прашањето дали очекува тензии предизвикани од Русија, како што ќе се приближува Македонија до евроаталнаските интеграции, Заев рече дека не се исклучува ниту таква можност.

-Ги следевме со внимание настаните во Црна Гора. Ние сме мала земја која сака да гради односи со сите земји. Се надевам дека нема да има незгодни ситуации, иако не можам да ги исклучам за целиот регион – одговори македонскиот премиер.

Тој ја покани Меркел годинава да ја посети Македонија.

На средбата со германската канцеларка, инаку, станало збор за зголемување на економската соработка и за потпишување договор за взаемно признавање на возачките дозволи.

Поврзани новости