Уставен пресече: Исклучените ќе го плаќаат парното

by Fokus

Сите граѓани кои се исклучени од парно ќе плаќаат. Ваква одлука денеска донесе Уставниот суд, откако ја отфрли иницијативата за оценување  на уставноста на член 66 од правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната комисија за енергетика, со кој беше воведена обврска граѓаните што не користат топлинска енергија да плаќаат паушален надомест.

Во 2009 година Уставниот суд ја укина одредбата со која на граѓаните им беше наметната обврска да плаќаат 50 отсто од сметката за парно, но сега одлучи да се произнесе како ненадлежен.

Поврзани новости