Успешен сум оти многу читам книги, откри Илон Маск

by Fokus

Структури: Или зошто работите нe паѓаат“, од Џ.Е. Гордо , „Бенџамин Френклин: Американски живот“ од Волтер Исаксон, „Ајнштајн: Неговиот живот и универзумот“ од Волтер Исаксон, „Суперинтелигенција: Патеки, опасности, стратегија“ од Ник Бостром, „Трговци на сомнеж“ од Ерик М. Конвеј и Наоми Орескес, „Господар на мувите“ од Вилијам Голдинг, „Нула до еден: Белешки за стартапи или како да ја изградите иднината“ од Питер Тиел и „Трилогијата Фондација“ од Исак Асимов се книгите за кои Маск појаснува дека имале огромно влијание врз него и многу му помогнале на патот кон успехот.

Инаку, Маск е роден во Преторија, Јужноафрикаснка Република, а мајка му е Канаѓанка. Поради канадските корени, дошол во Канада на 17-годишна возраст, а во 1995 година се преселил во Калифорнија. Планирал да се школува на Универзитетот Станфорд, но наместо тоа, сепак решил да започне бизнис и со својот брат основал веб и софтвер компанија.

Средства за да го стартуваат бизнисот им позајмил нивниот татко, и на почеток имале изнајмена канцеларија, а како што раскажуваше Маск за американските медиуми, не можел да си дозволи ниту апартман, па често спиел на троседот во канцеларијата. Работел по седум дена неделно, и нивната компанија Зип2 во 1999 година веќе станала доста успешна, а Маск ги заработил првите милиони.

И приватниот живот на бизнис магнатот е доста интересен за јавноста. Тој е татко на десет деца, зад себе има две сопруги, но и бурни врски со актерки и пејачки. Првиот син го доби во 2022 година, со Канаѓанката Џастин Вилсон, но тој починал кога имал само десет недели. Потоа, во 2004 година добија близнаци.

По две години, со Вилсон добија уште три сина. Синот кој го крсти Х го доби во 2020 година со пејачката Гримс, а наредната година добија и ќерка која ја крстија У. Истата година Маск доби близнаци и со Шивон Зилис, жена вработена на раководна позиција во Неуралинк, но имињата на децата не ги открија во јавност.

Вики Клинчарова

Поврзани новости