Уште три земјотреси во текот на минатата ноќ во централна Хрватска

by Fokus

Областа на централна Хрватска синоќа беше погодена од три земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, јавија хрватските медиуми.
Како што објавија од Сеизмолошката служба, во 00 часот и 21 минута, сеизмолозите забележале умерен земјотрес со епицентар на 9 километри западно од Петриња. Јачината на земјотресот била 3,4 според Рихтер, а интензитетот во епицентарот на IV-V степен од скалата ЕМС.

ЕМСЦ претходно објави за земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала. Апликацијата веднаш беше преплавена со коментари од Хрватска.

Во 00:53 часот е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 1,6 степени со епицентар на 28 километри јужно од Загреб.

Последниот земјотрес беше регистриран во 6:02 часот, кој исто така беше со јачина од 1,6 степени според Рихтеровата скала, повторно во областа Банија.

ЕМСЦ наведува дека ова е деветти земјотрес во изминатите 68 часа што се почувствува во Хрватска.

 

Поврзани новости