Пристигнува првата пратка вакцини од Србија

by Fokus

Денеска во земјава треба да пристигнат првите вакцини за ковид-19. Станува збор за 8 000 вакцини од „Фајзер“ кои ни ги отстапува Србија.

Од Владата велат дека на примопредавањето ќе учествува делегација од Република Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, а негов домаќин ќе биде премиерот Зоран Заев.

Пратката вакцини од Србија требаше да пристигне пред неколку дена но беше одложено поради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините.

Покрај оваа пратка се очекува и испорака на 200 илјади дози вакцини од Кина, за кои е потпишан договор во понеделникот.

Интерес за вакцинирање преку онлај апликацијата до вчера имаа иразено над 40 000 граѓани. Од Министерството за здравство вчера за МИА информираа дека преку матичните лекари за вакцинирање се пријавени 12 652 лица.

Според предвиденото, во првата група за вакцинација се здравствените работници и лицата над 70 години.

Поврзани новости