Пензионер со автомобилот прегази малолетник на тротинет

by irena 16:20
16:20

МВР информира дека вчера попладне во 17:28 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул. „Филип Втори Македонски“ и ул. „Благојче Силјановски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(76) од Демир Хисар и електричен тротинет, управуван од 13-годишник од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.

Слични вести