Уште двајца членови на УО на СВП си поднесоа оставки по Лешоски

by fokus

Откако денеска Дарко Лешоски се откажа од претседателското место на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, уште двајца членови на Управниот одбор си поднесоа оставки. Станува збор за Николина Велкоска-Глигороска и Маринела Ојлеска.

Велкоска-Глигороска и Ојлеска на овие функции се избрани како истакнати поединци во културата, додека последниот член на одборот кој не поднел оставка, Џеладин Пошка е избран од редот на вработените во установата.

 

Поврзани новости