Уште 8 починати од ковид 19

by fokus

Во изминатото деноноќие, регистрирани се 395 оздравени пациенти заразени со ковид 19.

Истовремено, како што информира Министерството за здравство, починале 8 лица.

Притоа, 3 биле од Скопје (86, 74, 69) и по едно од Кратово (88), Велес (75), Виница (66), Куманово (64) и Охрид (61).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Досега, во земјата се направени вкупно 1.333.204 тестирања на ковид 19.

Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 195.963.

Бројката на оздравени пациенти, пак, е 182.473, на починати е 6.888, а бројот на активни случаи изнесува 6.602.

Поврзани новости