Уште 6 пациенти починаа од Ковид 19, вкупната бројка е 216

by Fokus

Уште шест пациенти починаа од Ковид 19 од кои двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово, се наведува во денешниот извештај на министерството за здравство.

Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица – двајца пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години. Во ОБ Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.664, бројката на оздравени пациенти е 1.836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.612.

Поврзани новости