Скопје, Куманово, Ресен и Тетово со најмногу заразени од Ковид 19 во последното деноноќие

by Fokus

Mинистерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1348 тестирање, а регистрирани се 182 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-107, Куманово-14, Штип-4, Тетово-23, Струга-5, Битола-2, Охрид-6, Гостивар-4, Струмица-1, Кочани-1, Берово-1, Ресен-13, Неготино-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4664, бројката на оздравени пациенти е 1836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2612.

Поврзани новости