Уште 29 починати од ковид, најмладиот имал 45 години

by fokus

Во изминатото деноноќие, регистрирани се 572 оздравени пациенти од ковид 19, а починаа 28 лица.

Притоа, 11 починати лица се од Скопје (81, 78, 78, 77, 76, 75, 74, 72, 72, 65 и 58), по 3 од Струмица (85, 78 и 74) и Тетово (77, 69 и 69), по 2 од Гостивар (78 и 63) и Куманово (68 и 45) и по едно од Битола (74), Кичево (78), Валандово (83), Кавадарци (74), Гевгелија (87), Охрид (59) и Струга (62).

Од пријавените 28 лица, 26 се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.

Досега, во земјата се направени вкупно 1.238.106 тестирања на ковид 19, а вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 185.450, бројката на оздравени пациенти е 166.099, на починати е 6.367, а бројот на активни случаи изнесува 12.984.

Поврзани новости