Нови 557 ковид-случаи

by fokus

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.885 тестирања, а регистрирани се 557 нови случаи на ковид 19.

Ситуацијата по градови е следна: Скопје – 268, Куманово – 39, Велес – 29, Кавадарци, Кичево и Струмица – по 19, Тетово и Штип – по 17, Прилеп – 16, Радовиш – 15, Кочани – 12, Битола и Охрид – по 10, Кратово – 8, Свети Николе – 7, Гевгелија, Гостивар и Ресен – по 6, Валандово и Неготино – по 5, Делчево, Крива Паланка и Струга – по 4, Виница и Пробиштип – по 3, Македонски Брод – 2, Дебар Македонска Каменица, Пехчево и Берово – по 1.

Досега, во земјата се направени вкупно 1.238.106 тестови на ковид, а вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 185.450.

Поврзани новости