Универзитетот ФОН е против државниот испит

by Фокус

Ректорската управа на ФОН Универзитет е против предложениот концепт на проверка на знаењата на студентите, а како аргументи наведува дека државниот испит што го предлага Министерството за образование и наука е против законите, против Устaвoт, како и  дека е непедагошка и технички скапа реформа.

– Проверката на знаењата на студентите преку предложениот концепт на државен испит е спротивна на одредбите од Законот за високо образование (автономија на универзитетите), противуставна (го попречува правото на образование, ја ограничува слободата на пазарот на трудот), не е во согласност со веќе акредитираните студиски програми, а по формата, содржината и начинот на кој е планирана да се спроведе е непедагошка и технички комплицирана и скапа (не заради компјутерската поддршка, туку во смисла на големиот број на прашања за секој предмет и студиска програма). Притоа, како таква, ќе иницира мноштво на процеси кои ќе бидат на директна штета на студентите, академскиот кадар и општество во целина – се наведува во соопштението од ФОН.

Поврзани новости