Унгарија со закон забрани на деца да им се „промовира хомосексуалноста“

by fokus

Унгарскиот Парламент денеска усвои закон кој забранува на децата да им се промовираат хомосексуалност или промена на пол.

Предлагач на законот беше владејачката Фидес на Виктор Орбан, според која законот ќе помогне во борбата против педофилија. За оние кои не го подджуваат законот, ова е дискриминација на ЛГБТ заедницата.

„На овој срамен ден, местото на опозицијата не ѝ е во парламентот, туку на улиците“, изјави градоначалникот на Будимпешта, Гергели Карачони.

Поврзани новости