Вучиќ дал „корпа“ за три од четирите предлози на косовскиот премиер Курти

by Fokus

Косовскиот премиер Албин Курти информира дека на денешната средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одржана во седиштето на ЕУ во Брисел, изнел четири предлози, од кои три биле одбиени, а за еден не добил одговор, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што напиша Курти на неговата официјална страница на Фејсбук, тој на средбата со Вучиќ изразил подготвеност за водење дијалог што ќе резултира со меѓусебно признавање на двете држави.

Единственото барање на кое не добил ниту потврден ниту одбивен договор, вели Курти, е она за промена на мандатот на ЦЕФТА, и преформулирање на таа организација во СЕФТА – Договор на Југоисточна Европа за слободна трговија, со кој шесте балкански земји ќе се организираат според моделот на ЕФТА-ЕЕА, односно договорот на Лихтенштајн, Норвешка и Исланд со ЕУ.

Косовскиот премиер информира и за предлозите кои српската страна на средбата во Брисел ги одбила, а тоа се:

„Косово и Србија веднаш да потпишат мировен договор со кој ќе се обврзат дека нема да се напаѓаат меѓу себе…“.

Поврзани новости