Словенија прогласи крај на епидемијата, мерките остануваат во сила

by fokus 18:22
18:22

Состојбата со епидемија во Словенија од Ковид-19, што беше прогласена на 18 октомври лани, при вториот бран, веќе нема да се продолжува, изјави денеска Франц Виндишар, државен секретар во Министерството за здравство.

Бидејќи Словенија се уште не е во безбедната „зелена“ зона, според критериумите на Европскиот центар за контрола на болести (ECDC), во сила остануваат заштитните маски во затворен простор, дезинфекцијата на рацете, физичката дистанца и некои други мерки, а присуството на некои групни настани е можно  само за вакцинираните, оние кои прележале Ковид-19 или лицата кои ќе обезбедат нов негативен ПЦР тест.

- Advertisements -

Според последните податоци, во словенечките болници има 122 пациенти, што е најмала бројка од 7 октомври, а владиниот стручен тим ќе продолжи еднаш неделно да ја разгледува епидемиолошката состојба и во зависност од ситуацијата, ќе предлага препораки поврзани до Ковид-19.

Поврзани новости