Милановиќ: Ужаснати сме, но некој мора да ја прекине тишината

by Фокус

Оако сѐ уште не може со 100 процентна сигурност да потврдиме дека хрватскиот државјанин е погубен, некој мора да ја прекине оваа тишината, рече  премиерот на Хрватска, Зоран Милановиќ, на вонредната песконференција која ја одржа откако Исламската држава објави дека го погубила Хрватот Томислав Салопек.

-Мораме да ја прекинеме тишината, некој тоа мора да го направи. Моја должност е на хрватската јавност да и го кажеме она што не ужаснува. Не можеме со стопроцентна сигурност да потврдиме дали е вистина и не знам ни дали ќе можеме, изјави хрватскиот премиер.

Тој додаде дека Владата на Хрватска им стои на апсолутно располагање на семејството на Салопек и рече дека се додека има малку надеж и понатаму ќе „копаат“.

Поврзани новости