Умре Предраг Луциќ, новинар, писател, коосновач на „Ферал трибјун“

by Fokus

По тешко боледување во Сплит почина Предраг Луциќ, коосновач на „Ферал Трибјун“, реномиран новинар, писател, хуморист и режисер, познат во целиот балкански регион, јавува N1.

Предраг Луциќ е роден во 1964 во Сплит. Тој е еден од основачите и креаторите на веќе легендарниот неделник „Ферал Трибјун“, а го започна и уредувањето на Фераловата библиотека.

Од летото 2009 во риечкиот весник „Нови лист“ тој пишуваше дневна колумна под наслов „Трафика“.

Луциќ ја објави книгата „Greatest Shits – Antologijа suvremene hrvatske gluposti“ во коавторство со Борис Дежуловиќ во 1998, песнарката „Хаику хаику ебем ти маику“ во 2003, книгата „Љубовниците од Верона“ во 2007, читанките „Сун Цу на прозорчето“, 2009 , „Безгаќна историска реалност“ во 2010 и „Гусли во магла“во 2013.

Од 2007 заедно со Борис Дежуловиќ настапуваше во поетското кабаре „Мелодии на Блесокот и Бурата“.

Поврзани новости