Украински житен тајкун загина во руско гранатирање

by fokus

Еден од најбогатите украински бизнисмени е убиен со сопругата во „масовното“ руско гранатирање на јужниот град Миколаев. Олексиј Вадатурски (74) и неговата сопруга Раиса загинаа кога проектил го погоди нивниот дом во текот на ноќта, соопштија украинските медиуми.

Вадатурски беше сопственик на Нибулон, група која се занимава со извоз на жито. Ја доби и наградата „Херој на Украина“. Тој тежел 450 милиони долари според проценката на Форбс за 2020 година.

Градоначалникот на Миколаев, Олександр Сенкевич, рече дека тоа е веројатно најтешкото руско бомбардирање на градот досега. Направени се штети на хотел, спортски комплекс, две училишта и сервис, како и домови.Миколаив е на главната рута до Одеса, главното пристаниште во Украина, и постојано е погодуван.Неколкунеделното руско гранатирање предизвика голема штета во градот.

Водачот на регионот Виталиј Ким рече дека Вадатурски „направил многу за регионот на Миколаев и многу за Украина. Неговиот придонес во развојот на земјоделската и бродоградежната индустрија, развојот на регионот е непроценлив“, рече тој на Телеграм. Нибулон изгради многу складишта и друга инфраструктура за извоз на жито.

Поврзани новости