Украинската војска бара од Турција да го затвори Босфор за премин на руски бродови

by fokus

Командантот на украинските поморски сили адмирал Игор Воронченко изјави дека Турција, која е членка на НАТО, треба да затвори теснецот Босфор за руски бродови, јави ДПА.

– Ние ќе побараме Република Турција да го затвори Босфор, за Русите да знаат дека нивната земја го крши меѓународното право, изјави адмирал Воронченко на прес-конференција за поморската безбедност во Киев.

Тој изрази уверување дека меѓународната заедница ќе признае дека против Украина е извршен акт на агресија, рече Воронченко.

Барањето доаѓа откако министерот за инфрастуктура на Украина, Володимир Омељан, обвини дека Русија вовела „ефикасна блокада“ на двете главни украински пристаништа во Азовското Море – Бердјанск и Мариупол, и не дозволува во нив да впловат или испловат какви било бродови.

Поврзани новости