544
Легендата на украинскиот фудбал – Андриј Шевченко ќе соработува со претседателот на својата земја, Володимир Зеленски.
Претседателот на Украина вчера со декрет го именуваше Шевченко за свој советник.
Беше наведено дека Шевченко е назначен за советник, но не беше појаснето за кои прашања ќе биде задолжен да му помага на претседателот Зеленски.
Шевченко – најдобриот украински фудбалер со екипата на Милан ја освои Лигата на шампионите во 2003 година, а една година подоцна ја освои и Златната топка.
За репрезентацијата на Украина постигна 48 гола на 111 настапи.