Украина може да учествува во истрагата за инцидентот во Пржеводов единствено врз основа на меѓународното право

by Fokus

Претсе ателот на Полска, Анджеј Дуда денеска изјави дека Украина може да учествува во полско-американската истрага за инцидентот во селото Пржеводов единствено врз основа на меѓународното право.

– За да може да се зборува за учество во истрагата, мора да се применат соодветните прописи на меѓународното право. Ова е секогаш во опсегот на правната помош. Доколку гостите од Украина сакаат да видат како се води истрагата, може да им се покаже. Но, да учествуваат во истрагата, да добија пристап до документи, информации за тоа се потребни конкретни основи според меѓународното право и договори, истакна Дуда.

Во Пржеводов, во источна Полска, каде што се претпоставува дека на 15 ноември падна украинска ракета за противвоздушна одбрана загинаа две лица, а Дуда го посети местото нба несреќата и разговараше со семејствата на загинатите.

– Според нашето уверување и уверување на експертите, се случила несреќа, апсолутно ненамерна. Ракетата не била насочена кон Полска, не може да се гледа како напад врз Полска. Војна се води надвор од нашите граници. Русија истрела неколку стотици ракети врз Украина. Украина се бранеше, и тоа се случи, наведе Дуда.

Тој додаде дека инцидентот во Пржеводово „на некој начин е заедничка полска и украинска трагедија”.

Поврзани новости