Максвел повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром

by Fokus

Американецот Еван Максвел повеќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша спогодбен раскин на договорот со македонскиот шампион.

Максвел набрзо по доаѓањето го повреди коленото, што подолго време го мачеше и не му дозволи да го покаже сиот потенцијал.

„Сино-белиот“ дрес го носеше на пет меча од АБА-лигата во кои просечно реализираше по осум поени и 2,6 скока.

– На Максвел му благодариме за тоа што го прикажа и му посакуваме сѐ најдобро во продолжението од кариерата. Предводниците на клубот веќе ја почнаа потрагата по квалитетно пополнување на празнината под обрачите и за секоја нова информација навремено ќе ве известиме, соопшти МЗТ преку официјалниот клупски сајт.

МЗТ Скопје утре од 18 часот му гостува на ФМП во седмото коло од регионалната АБА-лига.

Поврзани новости