Украинските сили извеле напад со 28 копнени роботски системи врз руски позиции во околината на Лиман, тврди руски прорежимски телеграм-канал, кој објави и видеоснимка од настанот.
Според тврдењата на каналот, 18 роботи носеле по два противтенковски фрлача AT-4, два биле опремени со автоматски фрлачи на гранати Mk 19, а осум биле наменети за самоубиствени напади.
Каналот наведува дека руските сили го одбиле нападот со удари од FPV-дронови и дронови што исфрлале муниција.
Снимката била објавена на 5 ноември, додека во дел од извештаите нападот се датира на 28 октомври.
Украинската страна засега официјално не го потврдила конкретниот напад.
Украинскиот Трет армиски корпус претходно известуваше за употреба на копнени роботски системи за време на операцијата „Вивалди“ на лиманскиот правец.