Швајцарците на референдум го одобрија олеснувањето на правилата за извоз на оружје

by vlatko 19:14
19:14

Гласачите во Швајцарија со тесно мнозинство ја поддржаа измената на прописите за извоз на оружје, покажуваат првичните проекции по затворањето на избирачките места.

Според институтот за истражување на јавното мислење „gfs.bern“, околу 54 отсто од гласачите ја поддржале реформата, а конечните резултати допрва треба да бидат потврдени.

Со измените се олеснува извозот на воена опрема во 36 партнерски земји, меѓу кои се европски држави, САД, Канада, Австралија и Јапонија. Се ублажуваат и правилата за понатамошно испорачување на купената швајцарска воена опрема во други земји.

Поддржувачите на реформата сметаат дека таа ќе ѝ помогне на швајцарската воена индустрија да остане конкурентна и да ја зачува својата улога во меѓународните синџири на снабдување.

Противниците, меѓу кои се левичарските партии и невладините организации, предупредуваат дека со тоа се зголемува ризикот швајцарско оружје да заврши во воени конфликти или кај режими што ги прекршуваат законите.

Реформата не предвидува директна поддршка за Украина, а евентуалното препраќање оружје од партнерските земји кон Киев и натаму ќе биде предмет на ограничувања.

На референдумот, според првичните проекции, 55 отсто од гласачите го отфрлиле предлогот за зголемување на ДДВ, додека 61 отсто ја поддржале иницијативата за забрана на продажба и употреба на пиротехнички средства за бучни огномети.

Слични вести