Еболата однесе над 6.000 животи во Конго

by vlatko 21:42
21:42

Во Демократска Република Конго од ебола починале 6.025 луѓе, а во осум провинции се потврдени 12.254 случаи, јави „Ројтерс“.

Ова е седумнаесеттата и најсмртоносна епидемија на ебола во историјата на земјата.

Предизвикана е од вирусот бундибугио, за кој сè уште нема одобрена вакцина ниту специфичен лек.

Речиси половина од потврдените случаи завршиле со смртен исход.

Многу заболени доцна бараат помош или воопшто не стигнуваат до здравствена установа.

Според Африканските центри за контрола и превенција на болести, повеќе од 60 отсто од починатите умреле надвор од центрите за лекување.

Слични вести