Укинат куќниот притвор и на пратеникот Љубен Арнаудов

by fokus

Од куќен притвор освен пратеникот Сашо Василевски денеска излегува и пратеникот Љубен Арнаудов, кој исто така ќе се брани од слобода по поднесена гаранција од 300.000 евра.

Одлуката за укинување на притворот ја донел Апелациониот суд.

Ова значи дека пратениците отсега ќе можат да присуствуваат на собраниските седници, а укинувањето на притворот доаѓа еден ден откако премиерот Зоран Заев од собраниската говорница изјави дека им простува на учесниците во “27 април”.

Поврзани новости