Угостителите бараат да не се казнуваат сите објекти поради поединечни прекршители

by Фокус

Угостителските објекти мора да ги почитуваат протоколите за заштита од ширење на вирусот ковид-19, граѓаните да внимаваат дали локалите каде одат ги почитуваат мерките за заштита, а инспекциските служби и полицијата треба соодветно и ефикасно да ги казнуваат прекршителите, вели Мартин Ангеловски, потпретседател на Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија.

-Најголем број на угостителските објекти мерките за заштита од ковид-19 ги интегрираат во своето секојдневно работење и ги почитуваат. Не треба заради прекршување и непочитување на протоколите од страна на неколку објекти, да се воведуваат рестрикции кои ќе важат за сите. Сегде во светот има луѓе кои ги прекршуваат правилата, затоа и постојат надлежни институции, кои треба да ги санкционираат. Со воведувањето на новите рестрикции се добива впечаток дека се преземаат дополнителни мерки, само затоа што надлежните не може да ги спроведат протоколите на терен – вели Ангеловски.

Тој додава и дека проблемот е комплексен бидејќи се донесоа многу различни протоколи, кои на некој начин на одредени локали им дозволија на организираат настани.

Поврзани новости