Ученик од основно училиште во Загреб составил список за отстрел и објавил фотографија од оружје

by fokus

Ученик во основно училиште во Загреб составил список на негови соученици за отстрел и тие закани ги поткрепил со фотографија со оружје, јавува RTL Danas.

За случајот е известено Министерството за образование, а и просветната инспекција која извршила надзор. Загрижените родители повикале полиција во училиштето.

Родителите сметаат дека директорот на училиштето не реагирал навремено, а за сето ова ќе зборуваат вечерва на седницата на Советот на родители.

,,Да биде работата уште полоша – го стутка првиот список, направи и нов со името на класната. Родителите се плашат, деца – што ако тоа момче излезе, дојде на училиште? Не добиваме одговори“, изјави таа за RTL Danas мајка на ученикот.

„Доаѓаме и до стручниот педагошки надзор на училиштето каде што се бараат пропусти и се изрекуваат мерки. Сериозно соработуваме со министерството и со просветната инспекција“.

„Таа ја нагласи важноста на превенцијата – а превенцијата е акција пред да се оствари ризикот и во таа област најчесто наоѓаме пропусти“, изјави Алма Ровис Брандиќ од Агенцијата за наука и образование, виш советник за социјална педагогија и програми за превенција на национално ниво.

Поврзани новости